Новинарите кои известуваа од настаните на 27 април 2017 година во македонското Собрание по втор пат се жртви, соопшти Здружението на новинари на Македонија, нарекувајќи ја срамотна пресудата со која Основниот граѓански суд во Скопје ги одби одбиваат тужбените барање на новинарката Наташа Стојановска и Душица Мрѓа, кои бараа повреда на нивните права и штета од државата за овие настани.
„Оваа пресуда е пропуштена можност да се заштита правата на новинарите и преставува уште еден доказ дека постојат двојни стандарди за судот кога се во прашање политичари и новинари. Потсетуваме дека во случајот со групата политичари Основното јавно обвинителство по службена должност покрена постапки и кривичниот суд осуди со затворски казни група на граѓани а во случајот на новинарите самите беа оставени да покренуваат приватни тужби“, реагираат од ЗНМ.
Образложението на судот во пресудите е дека новинарките не доставиле докази од кои што може да се утврди дека на 27 април 2017 година се случиле јавни демонстрации пред Собранието, иако во тужбата уредно се доставени видео записи од случувањата пред Собранието, а критичниот ден стотици објави беа и се присутни на медиумите. Фактот што судот не признава повреда на правото на слободата на изразување и бара од новинарите да докажат општо познати факти, дека имало упад во Собранието од страна на лица кои јавно демонстрирале на 27 април 2017 година е тенденциозен и преставува преседан во контекст на овој случај, велат од здужението.
„Исто така, небулозно е тврдењето на судот дека новинарите немале право да бараат надомест на нематеријална штета за претрпени душевни болки и наведува дека двете немале телесни повреди. Скандалозен е фактот што судот не признава дека душевната болка, страв и траума кој биле доживеани од страна на присутните новинари е проблематично и притоа се имплицира дека немале телесни повреди тужителите. Потсетуваме дека судската власт има обврска да ги штити правата на новинарите бидејќи со тоа го штити и правото на граѓаните да бидат информирани“, додаваат од ЗНМ.
Новинари од повеќе медиуми кои ноќта на 27 април, 2017 година известуваа од Собранието сведочеа за непречен влез на демонстрантите во парламентарниот објект, неприсуство на полиција и насилство врз пратеници и медиуми. Исто така, на голем број новинари им беше оневозможено професионално да си ја вршат работата.
Новинари сведочат за упадот во Собранието и насилството врз пратениците и медиумите