Состаноците поврзани со плоштадот Тиананмен и кризата во Хонг Конг биле прекинати поради жалба на комунистичката влада.
„Зум“ призна дека ги суспендирал профилите на активистите за граѓански права по жалбата на кинеската влада и сугерирал дека ќе ги блокира сите идни состаноци за кои Пекинг би се пожалил дека се илегални.
По медиумските известувања, компанијата истакнала дека била во контакт со кинеската влада изминатиот мај и почестокот на јуни во врска со четири „Зум“ состаноци за сеќавање на масакрот на плоштадот во Тиананмен за кој било објавено на социјалните мрежи.
„Кинеската влада не информираше дека оваа активност е илегална во Кина и побара од нас да ги прекинеме состаноците и да ги отстраниме нивните профили. Ние не споделивме никакви информации за корисниците до владата, не постои начин некој да влезе на состанок на „Зум“ без да биде виден“, нагласила компанијата.
Ова соопштение поткрева прашања за наклонетоста на „Зум“ кон кинеската влада. Платформата, која не е блокирана во Кина, не и објасни на јавноста според кои закони состаноците кои не се одржале на територија на Кина – се сметаат за илегални.
Според „Зум“, платформата не презела мерки против еден од состаноците бидејќи податоците покажале дека во тој состанок не биле приклучени корисници од триторијата на Кина. Сепак, два од преостанатите состаноци имале значителен број на корисници од Кина.
Останува нејасно зошто компанијата ги отстранила „Зум“ профилите на корисниците од САД и Хонг Конг. Профилот на Жу Фенгусио, кинески активист од САД бил отстранет неколку дена откако тој одржал комеморација на масакрот на Тиананмен.
Извор: Guardian
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.