Од 10 до 23 септември во општина Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“, На неа ќе настапат македонски музички бендови и изведувачи, а најавен е и базар, културни и спортски игри, работилници за деца, театарски претстави, хуманитарна акција, кино-проекција на отворено, катче за вдомување и помош на бездомни животни, ракотворби, баскер перформанси, како и презентација на храна и пијалоци од локални производители.
На „Звуците на културата“ ќе настапат: Игор Џамбазов и Гуру Харе, ПМГ Колектив, Кристина Арнаудова, Тони Зен, Мугер Фугер, Ласт Експедишн, Бени и Нон Стоп, Токсиколози, Чил Плеј, Миле Кузмановски, мјузикл Коштана, Милко, Летечки Пекинезери и многу други.
Манифестацијата ќе се одржи во паркот во Ѓорче Петров.